Поради обвиненијата од СЈО судии од организиран криминал „бегаат“ во други оддели

Откако стана јасно дека по обвиненијата кои ќе пристигаат од Специјалното јавно обвинителство нема да постапува Специјален суд, туку судии од Кривичниот суд, почна да кружи шпекулација дека дел од судиите кои судат предмети од организиран криминал, побарале преместување во други оддели, пренесува Фокус повикувајќи се на информации од  судот според кои дел од судиите, од приватни причини, побарале преместување од еден во друг оддел.

Од судот не сакаа да одговорат точно колку судии од Организиран криминал побарале да си заминат, бидејќи во овој оддел се очекува да завршат најголемиот дел од обвиненијата на СЈО. Набрзо по објавувањето на текстот од Кривичниот суд ја информираа јавноста дека судијката Сандра Крстиќ е прераспределена во друг одел, а смената ја побарала поради лични и семејни причини. На нејзино место ќе суди судијката Ленка Давиткова која досега постапуваше по случаи од Одделот-Кривично полнолетни.

Текстот во целост прочитајте го овде 

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести