Една милијарда евра од фондовите на ЕУ беа искористени за модернизација на земјоделски стопанства и фарми, што се неверојатни 107 отсто од расположливите пари од фондот.
Полска не ја почувствува економската криза, ниту Руското ембарго на увоз на храна од Европската унија. Тие успеале да го задржат, па дури и да го зголемат извозот на земјоделски производи.
Во ова успеале благодарение на искористените претпристапни фондови на ЕУ, а по зачленувањето и на другите европски фондови.
Во Полското министерство за земјоделство, се вредни како пчели во нивниот двор. Една милијарда евра од фондовите на ЕУ беа искористени за модернизација на земјоделски стопанства и фарми, што се неверојатни 107 отсто од расположливите пари од фондот.
Недовербата на земјоделците и прифаќање на нови стандарди биле најголеми проблеми на полската влада.
“За да се добие многу пари од фондот мора да бидете подготвени за процесот на преговори да достави предлози за што и колку пари ви се потребни. Да се подготват сите кои се вклучени во процесот – земјоделците, производниот сектор, правните тимови кои треба да ги усогласат законите “, вели советникот во Министерството за земјоделство и рурален развој Софија Крижановска. Таа додава дека е важно да се забрза модернизацијата на руралните области, производниот процес, рурални фарми и производство и подобрување на условите за живот во овие области, односно.да се обезбеди интернет, социјални програми, струја и вода.
Парите кои Полска ги искористила од предпристапните фондови но и откако се приклучи на ЕУ и овозможи развој на сите региони – нови патишта, фабрики, работни места.
Европските фондови Полска ги користи веќе 11 години. Со овие пари досега се реализирани околу 200.000 проекти.
Жителите велат дека промените се видливи во секојдневниот живот, а особено е добро што Полска, како членка на Унијата, може сама да донесува одлуки за главните прашања. Заедничкиот пазар, отворени граници, како што велат, се најдобар резултат од зачленувањето во ЕУ. И токму поради обновувањето на земјата тие успеале да ја добие довербата на странските инвеститори.
“Странските инвестиции во Полска достигна 180 милијарди евра. И инвестираме во странство, па минатата година се инвестирани 10 милијарди евра надвор од нашите граници “, вели заменик-министер за економија, Јержи Пјетревиќ.
Најголем успех за нив, велат тие, е што ги убедиле младите да направат модерни фарми, да станат поконкурентни и да излезат на странските пазари.


