Двa денари субвенција за откупен килограм „смедеревка“ повторно за винариите

Винарските визби кои ќе откупат грозје од сортата „смедеревка“ ќе добијат субвенции од два денара за килограм. Ова го соопшти денеска министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Мерката е донесена на вчерашната владина седница и со неа се очекува да бидат откупени преостанатите количини од оваа сорта кои се преоценуваат на 20 до 30 милиони килограми грозје од сортата „смедеревка“.

Субвенции ќе може да добијат оние винарски визби кои се запишани во регистрарот и кои ги имаат подмирено финансиските обврски кон производителите. Тие ќе треба да откупат минимум еден милион и 500 илјади килограми грозје од оваа сорта.

Смедеревката ќе се откупува согласно договореното, односно 11 денари за 17 шеќерини единици. Ако грозјето е со повеќе од 17 шеќерни единици, тогаш откупната цена ќе биде повисока за 0,65 денари, а доколку е пониска, цената ќе се намали за 0,65 денари.

– Оваа мерка ја донесовме поради тоа што на светскиот пазар каде винариите го продаваат наливното вино, цените се многу ниски. Со цел да бидат конкуретни на тој пазар, Владата им помага со оваа субвенција – рече Цветков.

Според него, мерката за откуп на грозјето од сортата „вранец“ ги дала очекуваните резултати бидејќи се откупени сите количини.

Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трипуновски посочи дека во досегашниот откуп немале никакви проблеми при проценката на грозјето.

Фото: Роберт Атанасовски

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести