Производството на мед за разлика од лани е намалено за околу 50 до 60 проценти, а некои региони воопшто и не произвеле ниту килограм од овој еликсир. Со овие тврдења излегоа пчеларите кои денеска се собраа на Фестивалот на медот во Прилеп. Тие велат дека овој тренд трае веќе неколку години и се плашат дека ситуацијата во иднина може да биде многу полоша. Како главен виновник ги посочуваат климатските промени и човечкиот фактор.
„Производстовот на мед оваа година е намалено како ии претходниите години. Најверојатно тоа се должи на климатскиите услови кои секоја година се се полоши. Се соочуваме со намалено производство, а со поголема побарувачка. Зависи од регион до регион, некаде има и до 50 или 60 проценти намалување на производството на мед, а во некои региони воошто и не извадоа мед“, вели Влатко Атанасоски, пчелар.

„Оваа година производството на мед е многу слабо и од година во година се повеќе се намалува. Можеме да кажеме дека за разлика од лани 60% е намалено производството, а во некои региони како на пример Мариово немаше воопшто мед“, истакна Крсте Кржески, пчелар.
„Ова зависи од временскиите услови, сушата си го направи своето, потоа температурните разлики помеѓу денот и ноќта беа големи и тоа делуваше на медењето на растенијата“, кажа Пеце Кузманоски, пчелар.
„Најголемиот виновник е човекот кој несоодветно ги користи хемииските производи за прскање на растенијата и со тоа ни ги трујат пчелите“, рече Трајко Ковилоски, пчелар.
Пчеларите велат дека побарувачката на мед во Македонија е доста мала, велат дека за тоа биле виновни два фактори, прво тоа што граѓаните небиле доволно едуцирани за хранливата вредност на медот и второ на продажбата влијаела секако и ниската куповна моќ и стандард на граѓаните.
„Побарувачката е слаба за мед, во Македонија по глава на жител се трошат околу 2,5 до 3 кг. на мед на годишно ниво, за разлика од европскиот просек кој изнесува три пати повеќе од македонскиот. Токму поради тоа се организираат овие фестиивали и манифестации низ Македонија ии надвор, за поголема афирмација на медот и пчелните производи“, рече Дејан Бошкоски, претседател на здружение „Братство“ од Прилеп.
„Пчелните производи слабо се бараат, тука во Прилеп многу слабо, мината недела бевме во Скопје, тааму повеќе се трошат има поголема едукација“, додаде Пеце Кузманоски, пчелар.
„Побарувачката оди некако, но како што оди стандардот надолу така опаѓа и побарувачката“, потенцираше Трајко Ковилоски, пчелар.
Кон одбележувањето на фестивалот на медот во Прилеп се вклучија ии најмладите од градинките со своја пригодна програма.
„Оваа недела е Недела на детето и ние ја означуваме со повеќе манифестации. Тема сега нас ни е „Здрава храна, здраво дете“, имавме организирано предавања за здравата храна во средното општинско училиште „Орде Чопела“, работилници и сега учествуваме на Фестивалот на медот“, изјави Христина Трпческа, директор на детска градинка „Наша иднина“.
Фестивалот на медот во Прилеп предвидено е да трае од денес па се до сабота.


