АТП светската ранг-листа има невообичаен изглед денес, откако Роџер Федерер и Рафаел Надал се надвор од топ четирите најдобри играчи, за прв пат од 2003 година.
Федерер и Надал заедно имаат 31 гренд слем титули и толку долго биле постојано во првите четири, заедно со светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, што навистина е невообичаено да се погледне АТП листата без нив на водечките позиции.
Но, додека Ѓоковиќ и Мареј продолжуваат да доминираат на врвот на машкиот тенис, Федерер и Надал доживеаја мал пад, попречени од повредите во последно време.
Сега Надал се наоѓа на петтата позиција на АТП оваа недела, а Федерер е седми.
Федерер нема освоено АТП титула во 2016 година, иако стигна до полу-финалето на Австралија Опен и на Вимблдон, пропуштајќи ги Ролан Гарос и УС Опен поради повреда.
Надал помина малку подобро, триумфираше на мастерсот во Монте Карло и во Барселона, како и на Олимписките во Рио, играјќи во двојка со Марк Лопез.
Федерер и Надал беа на првите четири позиции на АТП од 23-ти јуни 2003 година, две недели пред Федерер да ја освои својата прва гренд слем титула.


