Уште една долга и студена ноќ за лозарите кои чекаат пред винарската визба „Повардарие“ да го предадат годинешниот род.

Понижени и беспомошни, се жалат дека никој од власта не дошол да ги види. Ги бараат градоначалниците на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман, Градско…

Го повикуваат Груевски и министерот за земјоделство да дојдат и да ја видат нивната мака. Очекуваат помош од владата.


