Деновиве меѓу лозарите проструи веста дека на 30 ти минатиот месец од страна на Основниот суд во Велес била запрена стечајната постапка за неготинскиот подрум, предложена од доверителот фирмата Дејон АС – Велимир увоз извоз ДОО Скопје, а средствата се деблокирани, јавува АКТУЕЛНО.мк
Но, откупот се одвива бавно,а сега е и целосно стопиран.
Од неготинската винарија, велат дека стечајната постапка, која сега е прекината, не е причина за моменталното стопирање на откупот. Додаваат дека, стечајна постапка може да побара секој доверител и дека не е потребно да се крева толкава прашина околу тоа.
-„Се работи за фирма кон која винаријата имаше мал заостанат долг,истиот е подмирен деновиве и затоа е повлечен предлогот за стечај“,-велат од Повардарие.
Како причина за стопирање на откупот се наведува огромните количини на грозје со кои располагаат. Од неготинскиот подрум велат дека до овој момент откупиле околу 24 милиони килограми грозје, што е далеку повеќе од планираното за оваа година.
Текстот во целост на АКТУЕЛНО


