Околу 4.500 земјоделци од струмичко се соочуват со блокирање на нивните сметки доколку во наредните денови не ги подмират своите обврски на име данок на приход од вршење земјоделска дејност, што е речиси половина од евидентираните земјоделци од овој регион. Шалтерите на УЈП во Струмица се окупирани од земјоделци кои бараат одговор зошто и за кој период добиваат опомени бидејки во решенијата немало објаснување.
„Добив опомена во висина од 3.300 денари, но не знам за кој период станува збор. Мене ми беше платен данокот, но бидејќи немаше објаснување во решението што го добив, морав да изгубам цел ден. Ми кажаа дека сум чист“, изјави земјоделец од Дабиле.
Од УЈП потврдија дека деновиве се издадени опомени до земјоделците кои не си го платиле персоналниот данок на доход за приходи од вршење земјоделска дејност.


