Бројките се немилосрдни и нема одбрана од нив
Наспроти 1 милијарда евра кои се вложени во агросекторот од страна на актуелната власт ги имаме следниве статистички показатели со кои се потврдува поразот на Груевски и уништувањето на македонскиот аграр:
Увоз на храна 2006година – 288 милиони евра
Увоз на храна 2016 година -551 милион евра. Од овие пари, само 100 милиони евра се за производи кои не можеме да ги произведеме дома, како кафе, банани, портокали…останатото е за месо и месни преработки 120 милиони евра, млеко и млечни преработки- 100 милиони евра. За концетрат за сок од државата се одлеваат над 20 милиони евра, како и за масло за јадење по 20 милиони евра годишно.
1 200 000 овци во 2006, сега 700 000 и тоа пријавени за субвенции, на терен нема повеќе од 500 000 грла.
6000 ха. шеќерна репка во 2006, сега 0 ха. и 20 милиони евра за увоз на шеќер.
20 000 ха помалку се сее пченица, по 3 тона од хектар, просечен принос, зголемен увоз на 60 000 тони годишно.
Лозја- од 24 000 ха во 2006 сега под винова лоза имаме 19 000 ха. Со годинешниот катастрофален откуп, насадите дополнително ќе се намалуваат.
Млекопроизводството е 30% намалено од 2006 година.
И покра субвенциите намалени се површини под сончоглед и маслодајна репка.
Тотална зависност од увоз на семе и саден материјал (некогаш сме биле извозници?!)
Годишно необработени остануваат 200 000 ха или 1/3 од вкупно обработливите површини.
Ленче Николовска


