Основниот суд Скопје 2 Скопје отвори претстечајна постапка за Друштво за производство, трговија и услуги „Стратус“ Скопје една од фирмите на Велија Рамковски.
На 4 ноември ќе биде одржано рочиште на кое доверителите треба да се изјаснат за предлогот за стечајна постапка.
Судот го назначи за привремен стечаен управник Симон Михајлоски.
Во овој период, според објавата на Централниот регистар, Судот определил општа забрана за располагање со имотот на „Стратус“.
„Се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот и се забранува исплати од сметките на должникот“, стои во објавата.
Оваа компанија е една од фирмите на Велија Рамковски кои беа затворени откако Државниот пазарен инспекторат утврди неправилности во нивното работење.


