|
Втората половина од мечевите од Лига Европа донесоа многу возбудувања, а и голови со тоа што најефикасно беше во Италија, во Рим на пресметката меѓу Рома и Австрија Виена.
Домаќините имаа се во свои раце до 82 минута до која водеа со 3-1 за да само за 120 секунди гостите преку Прокоп и Којоде дадат два гола и израмнат на 3-3, резултат кој на крајот се покажа како конечен. Инаку австријците дојдоа до водство преку Холхаузер во 16 минута, меѓутоа домаќините ги вратија работите под своја контрола преку Ел Шарави (2) и Флоренци се до самиот финиш во кој и самите не се свесни што им се случи. Манчестер Јунајтед не дозволи никакво изненадување и со 4-1 го доби Фенербахче. Четата на Мурињо имаше фантастични 15 завршни минути во првиот дел во кој преку Марсијал и Погба (2) дојде до позитива од 3-0. Лингард по паузата зголеми на 4-0, додека почесниот гол за турците беше дело на поранешниот „црвен ѓавол“ Робин Ван Перси во 83 минута. Група А: Феенорд – Зорја 1-0, Манчестер ј – Фенербахче 4-1 Група Б: Олимпијакос – Астана 4-1, Јанг Бојс – АПОЕЛ 3-1 Група Ц: Мајнц – Андерлехт 1-1, Сент Етјен – Габала 1-0 Група Д: АЗ Алкмар – Макаби ТА 1-2, Дандалк – Зенит 1-2 Група Е: Рома – Австрија Виена 3-3, Плзен – Астра 1-2 Група Г: Генк – Атлетик Билбао 2-0, Рапид Виена – Сасуоло 1-1. |


