Иако предизборната кампања не е започната сепак на терен е раздвижено исто како да сме среде кампања. И понатаму нема разграничување на партијата од државата. Вчера во селото Бошава бил заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, пишува денеска порталот РТК.мк. Што барал заменик министерот во ова село? Зошто не дојде кога беше густо со откупот на грозјето? Зошто не кажал како ќе им се помогне да лозарите кои се на работ на преживување?
Ова се прашања на кои треба партијата која се нарекуваше земјоделска да го одговори.
Од сликата се гледа дека жители од Бошава нема, на наа се престедателката Горица, директорката на ООУ „Страшо Пинџур“ Васка, Јасмина од советот на општината и Зоран Шалев од подрачната на Министерството за земјоделство. Кавдарчани би рекле, јалнаш му е работта. Шо барал таму, а не застанал да се слика на ниеден пункт кај што се купува грозје. Е па налозарите власта нема што да им каже, затоа оде по селата да ги лаже луѓето кои таму преживуваат.
-11 декември ќе биде денот кога сите граѓани ќе ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ пред се заради не може да се доведува во прашање егзистенцијата на македонскиот народ преку пазарење со македонските национални интереси. Народот знае да препознае и преку глава им е на сите од таквото однесување на СДСМ – рекол Костадиновски.
Дефокусирање на јавноста од секојдневните проблеми и решавање на истите е доведено во прашање во делот на она што значи реализација на проекти, на инвестиции, отворање нови работни места, исплаќање субвенции за земјоделците, додал овој претставник на власта.
А бе какво дефокусирање на јавноста. Оти не кажа нешто за луѓето што произведуват грозје. На нив кажи им колку им е добро од ВМРО-ДПМНЕ …
Извор:Тиквешија Инфо


