Работниците во страв: Се спрема ли затворање или продажба на „Фени“?

Вработените во „Фени индустри“ се во агонија. Живеат со став дека во секој момент може да останат без работа. Пред извесен период пишувавме за оваа тема. Вработените велат дека секој ден работите во Фени биле само полоши. Се било изнесено од фирмата, немало руда за работа, а од работниците се барало производство. Ви пренесуваме реакција од работниците.

Многу ни е тешко , молиме за помош и покрај сите наши молби ни една институциа не дојде да провере што се случува во Фени индустрија а секаде се помоливме , секаде отидовме и кај градоначалникот и кај трудовиот инспектор и никој не се интересира . Дали се работи за поголеми интереси ние не знаеме и никој не сака да ни помогне .

Некогаш бевме најаката фирма во Македонија со најдобри работнички услови и права а сега сме бетер од текстилна фирма. се врше притисок , закани со нови бркања од работа . работиме у најтешки услови , гребиме руда од земјата и се бара произвотство а нема од што и со што да произведиме .

Цела фирма се изнеси , се се продава и систематски се работе на осиромашување и банкротирање на фирмата . Се дуже на сите страни , порано фирмите се тепаа за работа со Фени сега на сите му се дуже повеќе од година .

Ако веќе целта е банкрот нека ни ги скратат маките на сите или у прашање е политичка игра до избори у договор со министерот Чавков што преку трети фирми кобајаги руда ќе ни продавал . А нашата руда од нашите рудници у Гватемала што требаше нас да не ране уште сто години ја продават на други фирми за кеш за нив . А за нас ни за плати нема секој месец се покасно се дава плата и таа напола е од то што беше , за нас нема пари а директорите бонуси си делат и бесни коли си купуват .

Сите фирми во Кавадарци и Македонија а сигурно и странските набавувачи не пцујат и не тужат само како што е тргната работата у банкрот и они ќе заглават . кога веќе несакат институциите ги молиме медиумите да дојдат и да се распрашат да излезе веќе вистината на видело кој и зошто го уништува Фени и илјада фамилии што од тука чесен леб заработуваме .

Ве молиме дојдите прашајте ги работниците прашајте ги камионџиите прашајте ги набавувачите иако ни е страв веќе преку глава ни е на сите . Ве молиме за помош и подршка оти нема кај не се обратиме ама јасно е дека некој има интерес фирмата тивко да се убие се да се искраде само ќе потсетиме нема ние да бидиме единствените жртви туку уште ногу фирми ќе потонат со нас уште многу семејства ќе се зацрнат , а и банките ќе заглават оти и фирми и работници на кредит живеат и кога ќе извисиме ни сите ќе извисат . Жално е тоа што ни се случува и што упорно институциите затварат очи пред криминалот што се случува и ние веќе со месеци алармираме .

Се поставува прашање, има ли синдикат во фабриката? Дали тој синдикат се грижи за работничките права или и тие неможат да направат ништо. Работнциите бараат одговори што ќе се случува со фабриката.

Извор:Тиквешија ИНФО

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести