Производителите на ориз од земјоделското здружение „Бело злато“, го повикуваат министерот за земјоделство, Михаил Цветков да го исполни неговото ветување и да им помогне околу цената на оризот. како што им ветил на средбата пред десетина дена, а не да им праќа инспекции на откупувачите и да ги затвара.
Земјоделците се разочарани од негрижата на владата и неизвесноста која им претстои со новата жетва на оризот.


