(ВИДЕО) Власта ти нуди паѓање на производството и квалитетот, ти за кого ќе гласаш сега?

Еден од „успесите“ на Никола Груевски е што ги подели земјоделците по партиска линија. До 2006 година земјоделците прво беа земјоделци, а потоа членови или симпатизери на некоја партија. Заеднички се бореа, критикуваа и бараа помош од државата. Последниве десет години преку селективната исплата на субвенциите и доделувањето на државната земјоделска земја на луѓе блиски на власта се создадоа локални моќници кои потоа ги манипулираа земјоделците да гласаат за партиите на власт. Кога на ова ќе се додаде и пропагндата на Груевски преку провладините медиуми и МРТВ, не зачудува состојбата до која ги донесе власта. Земјоделците беа „жртви“ на пропаганда и беспомошни граѓани на оваа држава. Но состојбата на терен значително е променета, а за тоа најголемо влијание има нивниот празен џеб. Без разлика на партиската припадност тие се подеднакво сиромашни и свесни дека состојбата мора да ја менуваат, заедно.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести