Уцени и закани на откупувачите на ориз од страна на висок функционер на власта

Во кочанско продолжува проблемот со откупот на оризот, а според изјавите на дел од откупувачите ваквата состојба ја диригира власта. Се откупува и пакува ориз само од страна на одредени откупувачи блиски на ВМРО ДПМНЕ, додека други со инспекции, без причини се затвараат или со усна наредба од висок функционер од министерството за земјоделство им се кажува дека не смеат ниту да купуваат ниту да продаваат ориз.

Неофицијално се прават и состаноци со сопственици на маркети на кои исто така им се наложува од каде да набавуваат ориз. Претпоставката е дека со ова се чистат резервите на ориз од фирмите блиски на власта кои работат во лоши услови, но за тоа се толерираат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Овие откупувачи се истите кои потоа ги уценуваат и земјоделците да гласаат за партијата на власт ако сакаат да им се откупи оризот.

Според состојбата на терен власта не само што не им помага на земјоделците околу откупот на оризот туку дополнително ја усложнува состојбата се со единствена цел да се задоволат фирмите кои им одработуваат за избори, позната стратегија изминативе неколку изборни циклуси која имавме можност да ја слушнеме од „бомбите“ на опозицијата.

 

Ленче Николовска

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести