Земјоделците на терен повторно се манипулирани од страна на власта поради измените на Изборниот законик според кој во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања не може да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати. Овие измени кои се донесени за да спречат предизборните притисоци врз земјоделците, власта ги користи за напад врз опозицијата како причина зошто не се исплаќаат земјоделските субвенции во овој период.

Земјоделци, друг пат, кога ќе ви речат дека заради опозицијата не може да ви се исплаќаат субвенциите, прашајте ги, А ШТО ГИ СПРЕЧУВАШЕ ДО СЕГА ДА ВИ ГИ ДАДАТ?
До 30 јуни законски требаше да ви се исплатат субвенциите за лани, а потоа да се исплаќа 2016 година, а не власта да чека дали ќе има избори за со нив да ве уценува или да ја напаѓа опозицијата.
Измените на изборниот законик пред две години се токму поради тоа да престане Груевски да ви исплаќа субвенции само пред избори и со нив да ве уценува, туку тие да ги добивате редовно, без разлика дали е изборна година или не. Субвенциите немаат никаква врска со изборите, тие се за да имате конкуретно производство и полесен пласман на земјоделските производи.

Промените на 11.декември ќе бидат и за земјоделците да ги добивате субвенциите редовно, тогаш кога ви се најпотребни. Земјоделските субвенции се ДРЖАВНА мерка, а не партиска и тие не ви ги даваат ниту премиерите, ниту министрите од својот џеб. Тие пари се буџетски средства наменети за развој на македонскиот аграр и затоа треба да ги добивате навреме, тогаш кога ви се најпотребни зависно од видот на растителното или сточарското производство.
-Сточарите во јули после жетва за да може да купите поефтина добиточна храна
-Поледелците во септември пред почеток на есенската сеидба за да може да купите семе, ѓубриво, нафта, заштитни средства
-Лозарите и овоштарите во февруари и март пред почеток на новата сезона
-тутунопроизводителите после завршување на откупот на тутунот.
Фејсбук статус на Ленче Николовска


