Уште една успешна промоција на Витаминка пред странски пазар

Чоко Стоби флипс, Стоби Флипс, Атлантис, Деспина и останатите производи на Витаминка, беа претставени на саемот Интерфуд, во Софија, Бугарија. Витаминка на овој саем изложува традиционално. Изложувањето на Интерфуд 2016 е уште едно успешно претставување на целосниот асортиман на компанијата, пред странски потрошувачи и потенцијални партнери.

Интерфуд е најголемата манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и еден од најпрестижните настани во секторот од Југоисточна Европа.

Овој саем е еден од позначајните во нашето окружување, а со самиот факт што производите на Витаминка се присутни и во соседна Бугарија, многу беше важно, не само да бидеме присутни на саемот, туку и добро да се претставиме. Имавме одлична промоција, голем број од посетителите реагираа уште на нашето лого и ги бараа нашите производи, што говори за тоа дека добро се запознаени со целиот наш асортиман, а исто така воспоставивме и многу нови контакти и релации“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор Извоз во Витаминка.

vitaminka1

Учеството на саемот Интерфуд бележи растечки тренд секоја година, така што покрај традиционалните изложувачи, со сопствените новитети, се почесто тука се и новите играчи на пазарот. Второто значење на овој саем е тоа што има зголемено меѓународно присуство на настанот и овозможуваат создавање на деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. Самиот саем организира и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

vitaminka2

 

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести