ТИКВЕШИЈА ИНФО: Матен Вардар дотече, 100 винарии одвлече!

Дека ДПМНЕ го зезнале и Итар Пејо  докажуваат со сите лаги кои ги трескаат пред избори за да купат гласови.

Ванчо од Неготино, актуелен градоначалник од ДПМНЕ на оваа општина ни помалку ни повеќе, вети ќе се изграделе 100 винарии.

Колку само убаво звучи ова. 100 винарски визби само во Неготино. Неготинци ќе немаат грозје да ги наранат овие винарии. Визбите ќе се тепаат за суровина. Едно кило ќе го плаќаат колку што треба и не треба, само и само да дојдат до грозје.

Арно ама тоа е само една сцена од научно фантастичниот филм на ДПМНЕ да се перат мозоците на граѓаните и тоа на оние кои мака мачат да го продадат грозјето, а притоа и да си земат пари за маката и трошоците за производство.

Сите знаеме дека годинава лозарите ја имаа најцрната и најтешка година. Шетаа од пункт на пункт и молеа да им го земат грозјето и за без пари, но интерес немаше. Грозјето  во големи количини скапа на нивите, лозарите си ги попуштија нервите, ама Ванчо не отиде да ги види, да им каже дека само што не почнеле 100-те винарии да откупуваат.

Богами лаги со опашки како што знае да смисли ДПМНЕ тешко друг може да го направи тоа.

Извор:Тиквешија инфо

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести