(ВИДЕО) Цунамито во Јапонија го сврте текот на реката во спротивна насока

Цунамито, што следеше по вчерашниот земјотрес во Јапонија, не предизвика штета, но доведе до необични феномени – реката Сунаоши го смени текот во спротивна насока.

Жителите на градот Тагајо во префектурата Мијаги овој случај го снимија од нивните балкони.

Иако првично стравуваа дека цунамито би можело да донесе бранови високи до три метри, тие не надминаа висина од 1,4 метри. Покрај неколку полесно повредени, не е евидентирана значителна материјална штета.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести