МВР: 7 кривични пријави и 18 приведени за изборни злоупотреби

Министерството за внатрешни работи поднесе седум кривични пријави за изборни злоупотреби. Освен тоа, во текот на вчерашниот ден биле приведени вкупно 18 лица, информираат од МВР.

Пријави се поднесени за кривични дела „уништување на изборни исправи“, „повреда на тајност на гласање“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „спречување на избори и гласање“, „уништување на изборни исправи“, „насилство“ и „оштетување туѓи предмети“.

Според изборниот законик овие дела предвидуваат затворска казна од најмалку три години. Од МВР велат дека се уште работат на собирање докази.

Најчитани вести