Денес со прегласувањето во Теарце завршија парламентарните Избори 2016.
На хибриден политички систем каде една партија работи со нашите пари без да дава оттчет 10 години и ги користи како оружје политизираните институции политички да ја уништува опозицијата,СДСМ постигна одличен резултат. Една декада во сериозен хибриден систем на “тефтерчето “,Републка Белизе и МВРО сериозен резултат е една партија како СДСМ да опстои.
Вмро-Дпмне користи модернизиран систем од – Пропаганда-Шпијунажа-Офшор .Овој систем е измислен во Русија многу одамна и предвидува победа во сите битки но на крај губење на војната.Само така се владее со декади во комоција иако на сите им е јасно дека на крајот војната е загубена.Но последиците од војната не ги зафаќаат и не ги плаќаат елитите.Се знае кој плаќа.
Русите овој систем инаку го украле од Германија и видно модернизирале.Затоа оваа политичка рашамонија ви изгледа популистичко ,фашистичко комунистичка.Што не е нити едно од овие работи.Тоа е систем каде рејтингот е идеологија.Лидерот е идеологија.Проценета каризмата на лидерот и неговата перцепција од словенските народи- Вака се вика еден научен труд на Клаус фон Бејме.Е затоа се тие 450.000 гласачи на Вмро-Дпмне кои се консумерски гласови и гласови на заблудениот очај како што го дефинирал овој ефект врз народот Клаус фон Бејме.
Со примена на овој систем никогаш не е потребно да е лидерот геније ..напротив.Геније не би сакал да биде запамтен во историјата како лош лидер.Само опсесивен автократ.
Ваквите политизирани хибридни леви или десни системи ретко се уривале од голема опозициона партија.Претежно од многу ситни мали партии и граѓански сектор во центарот на “револуциите”.
Албанскиот електорат зрее побрзо од другите во Македонија.Затоа партијата БЕСА е вториот победник на Изборите во Македонија.Многу добар лидершип на оваа партија.Добро и мудро газат.Оваа партија има можност да се етаблира на нашата политичка сцена.
За губитниците на Изборите ,ДУИ и ДПА не би посветил многу внимание.Се е веќе кажано.
Доколку ДУИ направи коалиција со Вмро-Дпмне од таа партија на некакви следни избори ,а ќе има предвремени во оваа и вака составена композиција,тешко дека ќе опстани.
Само тогаш доколку бидат поразени на такви избори ,сметките кои власта ќе ги достави до функционерите на ДУИ нема баш да бидат лабави и флексибилни ниту нежни.
Кој ќе прави Влада на почетокот на 2017 ?Прашање кое сите си го поставуваат.Груевски јасно е дека нема да биде премиер.Доколку ДУИ ДПА влезат во коалиција со Вмро-Дпмне на локалните избори би биле уште повеќе поразени. Само со ваков влез во коалиција ДУИ и ДПА неможат да се исправат на нозе во 2017 ниту 5 години следни.Нема политичка платформа со која би можеле да се повратат своевидено самоубиство во таква коалиција. Велат дека имаат толку пари направено со Вмро-Дпмне да би се доброволно и самоубиле. Членовите веќе се против таква коалиција но половина раководство сеуште би правеле коалиција со Вмро-Дпмне.Како велат – После “џаде”само да до поделат тендери и да ги наплатат досега добиените.Да одложат сериозни правни процеси по некои дела во земјата и во странство ..па што ќе биде.
Постои сериозна можност да ДУИ направи влада доколку во незе не седат членовите на списокот за аболиција на Иванов. Оваа влада би траела најмногу ,а пак би добиле најмногу време за да можат да повратат дел од гласачите.Би рекол дека ова им е примарна работа што би ја барале од Груевски ,а не позиции ,министри ,претседатели на парламент или слично. Албанските права како милуваат да зборуваат сеуште им се во устав и закони кои не се применуваат.И овој пат нема да ги бараат заради тоа што ете си стојат во законодавството.Важно е дека ги има и си се напишани.
СДСМ доколку прави влада пак со скоро сите албански партии веројатно е дека би ја турнала работата во системско/легалистички решенија по сите барања на ЕК и извештајот на Прибе.
Брзо би носеле закони и би укинувале закони со просто парламентарно мнозинство.Пред се тоа би бил малтретирање на Службен лист каде треба да распишат огласи за прием на мудри работници од Правосудниот систем па до Генералниот секретерјат на влада.За секое директорско место или раководно без исклучок.До сега не видовме баш дека некои такви ,директори и раководители делувале баш опозиционо или непартиски.Комоцијата и стравот ,хибридниот систем и партиската хиерархија ги еродира во бескрај.Нема тука што да се разговара.
Тоа мора да се направи во целост пред Локалните Избори кои веројатно ќе бидат на крајот на првата половина на следната 2017.МВР мора да се деполитизира .За МНР мора да биде распишан конкурс за секоја позиција таму. Цел судски систем и обвинителство.СДСМ и таква коалициона влада мора уште првата недела да го запрат ,со дебели плати иселувањето на медицинскиот персонал од земјата.
Во првиот случај доколку прават Вмро-Дпмне и ДУИ коалиција, агонијата на распадот на цел систем ќе трае уште кратко време.
Во вториот случај пак ,доколку СДСМ прави влада ќе се отвори добра перспектива за земјата но ќе мора да се работи со сите капацитети кои се на располагање.Многу оваа земја е изместена да би биле комотни.Роковите силно ќе ги газат до следниот извештај на ЕУ во фебруари 2018.Доколку ги исполнат и биде позитивен конечно .Доколку ни потврдат со тој извештај дека сме на прав пат тогаш можеби е можно да се отворат пак реално преговорите со Грција за решение на проблемот и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.
Во двата случаеви не чека задолжување на земјата кај странските кредитори.Во вториот случај нема барем да се задолжуваме за барок и панорамски тркала и 10.000 споменици.
Посебно загрижува што доколку Вмро-Дпмне и ДУИ формираат влада ,само до локални избори би се задолжиле 500.000.000 евра ,а до крај на годината преку 1 милијарда.Без толку задолжување Вмро-Дпмне неможе да опстои на власт.
И после 10 години власт и толку задолжување неможат да се пофалат за успех во било кое министерство или било кое јавно претпријатие и неверојатно и е само потврда дека на Македонија и треба серозен ресет.
Во Меѓународната политика изненади Трамп.Африка и Блискиот исток излегуваат од нивната агенда ,а на тие позиции влегуваат Кина,Русија и Турција.Изгледа дека замореноста на надворешната политика на САД дава негативни резултати кога еден Ердоган со сомнителни капацитети заедно со Русија се трудат да ја средат ситуацијата на Блискиот Исток.
Гледајќи како Израел реагира или воопшто не реагира дава до знаење дека и нив им е преку глава па Иран и Турција како нови чинители на светската политика е време да се позанимаваат со тој регион каде до сега не беа воопшто инволвирани барем неколку декади.
Од Турција се повеќе идат чудни пораки за изминатиот Воен Удар.Велат дека тој воен удар требало да го спречи Ердоган и да ја расклати армијата да не влегуваат во арапските заплеткани политички агенди и да остане да гледа на кај Европа.
Ердоган ја одбра АЗИЈА.Турција е новиот чинител на Блискиот Исток ,а не во Европа.
Оваа агенда тој ја одбра во најлошиот момент за него,идењето на администрацијата на Трамп.
Со вакви агенди на Турција,Бугарија и Грција добиваат неверојатна регионална важност.
Дали вратата на Азија ќе остане во Европа или дали ќе оди во Азија ќе знаеме конечно 2017.
Дали Украина ќе ја замени Турција во можното членство во ЕУ и тоа ќе го дознаеме 2017.
Доколку мислите на Брексит.Тоа беше само еден убав излет кој нема да се случи но ќе си има последици.Денес Британија доколку сака да остане во ЕУ за декада ги изгуби сите преференции и полуги со кои беше повластена.Уште една глупава работа во која изгубија стотици милијарди евра.
За добрите познавачи на ЕУ.Видете го досегашниот нивни вокабулар и ќе го споредите со оној од 2017 на крајот на годината.Од ЕУ не барајте повеќе да биде фина.Доколку извештајот на почетокот на 2018 биде негативен ЕУ ќе воведе визи за Македонија и не само тоа .Се зборува за изземање на сите преференци за извоз на Македонија таму.Што ќе ја пропадне нашата економија за 3 месеци.
Ова не случајно на крајот го кажав.НО е убаво да си знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ,а посебно ДУИ.
Ви посакувам на сите добро здравје и ум во 2017 ..Среќна ви Нова 2017
Фејсбук статус на Даме Чкатроски


