Кој лаже, Груевски или Мирка?

Во јануари минатата година (2016), големо внимание и полемика предизвика посетата на тогашниот премиер Никола Груевски на САД. По средбата со потпретседателот на САД, Џо Бајден, Груевски ја оцени како одлична и пријателска на која се разговарало за повеќе теми.

Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период – изјави Груевски.

Средбата со Бајден беше протолкувана како нов ветар во грб и државнички потег на македонскиот премиер, зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и САД.

Како тогаш, една година потоа од нигде-никаде, колумнистката Мирка Велиновска (па баш таа) пишува дека „оној дрзок насилник Џо Бајден, на Никола Груевски во присуство на своите соработници среде Вашингтон му се заканувал со сенешто ако не го даде името на државата и народот.“

Кој лаже, Груевски или Мирка?

Или во тој момент на Груевски не му одговарало да го соопшти тоа, или сега е моментот за обзнанување на „патриотски“ поединости од средбата.

Вистината и лагата на готовс! Во зависност од приликата.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести