Елен Деџенерис со слатко видео им се заблагодари на Барак и Мишел Обама за досега стореното

Тие танцуваа заедно, правеа склекови и водеа одлични разговори.

Елен Деџенерис во нејзината емисија се осврна на посетите на американскиот претседател во заминување Барак Обама и првата дама Мишел Обама во текот на изминатите осум години. Покрај танцувањето и комичните клипови, во видеото со архивски снимки ја гледаме Деџенерис која му се заблагодарува на Обама на денот кога тој јавно го поддржа истополовиот брак.

„Само храбар човек може да заземе таков став“, изјави таа во 2012 година.

„Би сакала лично да му се заблагодарам што ми го промени животот. Благодарение на него, јас сум законски во брак со жена, а исто така и мојата сопруга“, рече водителката за американскиот претседател во заминување Барак Обама и додаде: „Неговата храброст и сочувство создадоа еднаквост за сите. Со него тргнавме напред и направи толку многу работи во последните осум години за кои не ни сонував дека се можни. Ги сакам и него и Мишел.“

Извор:http://www.queer.mk

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести