Дечки, ова е Дејан (22) од Ѓорче.
Живее со татко со 4 мозочни удари, шеќераш, и згора на сето човекот скршил и колк на почеток на месецов. Мајката е почината, сега они живеат сами во стара куќа (од 1929), која по земјотресите од септември е прогласена за небезбедна. Двајцата се во една соба, а и таа една е со искршени прозорци, од редовните напади од “поштеното” демохристијанско граџанство заради неговата сексуална ориентација. Навредите на темата му се секојдневие.
Бараме начин таткото да го сместиме на геријатрија, за да може Дејан да работи. На моето прашање што би работел, ми рече СЀ, и келнер, и вецеа би чистел, не се срамам да работам ништо, само чесно да заработувам.
Нејсе…
Во меѓувреме, еве го неговиот број и сметката на која може да донираме за да му помогнеме на ова дете!
076 536 178
SPARKASSE / Dejan Kostovski
2500250001633773
Знам дека реков нема више, али не издржа срце јуначко!
Ограбив другарки (6000 денари/ аман Ирено!) за почеток и сад идемо даље! Има потреба и од храна и од облека (L), обувки (41, 42) (дрва има само за следниве две недели), покуќнина, бела техника, инсулин, лекови и пелени за таткото, а убаво би било да пушти срце и некоја градежна фирма да им сменат барем прозори и да се подзакрпи таа едната соба!
Ајмо!
Споделете, ако ништо друго!
Фејсбук статус на Ирена Ристиќ


