На денешната седница на Советот на Општина Карпош, присуствувавме на интересна ситуација која покажа дека и меѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ очигледно има луѓе кои размислуваат со своја глава и кои се дистанцираат од градоначалникот Стевчо Јакимовски. Дискусијата за зимското одржување на улиците во Општината иницирана од нас советниците на опозицијата како резултат на постојаните поплаки од Ваша страна како граѓани од Општината, на момент се претвори во јаболко на раздорот помеѓу советниците на ДПМНЕ и советниците на ГРОМ . Имено на изненадување на администрацијата на општината и советниците на ГРОМ, некои советници од ДПМНЕ отворено, а некои преќутно се согласија со опозицијата дека состојбите со зимското одржување на улиците во Општината Карпош се катастрофални и дека за тоа треба раководството, односно градоначалникот да си понесат одговорност. Во одбрана на градоначалникот, емотивно реагираа советниците од ГРОМ, и не убедуваа дека Општината Карпош треба да биде пофалена зошто улиците во општината се исчистени од снегот со многу ” симпатична” аргументација дека- никој сериозно не се повредил! Имаше моменти кога секретарот на Општината не убедуваше дека “тази дупка не е дупка”, и дека она што го експлицитно го покажуваат фотографиите кои Вие граѓаните ги постирате преку социјалните мрежи се всушност политички манипулации на опозицијата! На крајот Извештајот за зимското оджување на улиците во Карпош, сепак беше усвоен од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ !
Граѓани на Карпош, мои комшии и познаници, сакав да го знаете ова кога ќе излезете надвор од вашите домови и кога ќе направите пируета или двоструки аксел на “чистите” тротоари и патеки во нашата општина !
Фејсбук статус на Магдалена Несторовска


