Швајцарецот Рожер Федерер е победник на Австралија Опен откако во финалето во Мелбурн го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 3-2 во сетови (6:4; 3:6; 6:1; 3:6 и 6:3 во гемови). Финалниот меч траеше 3 часа и 37 минути.
Федерер водеше двапати во текот на мечот, а Надал успеваше да изедначи. Решавачкиот сет почна со водство на Надал од 3:1 во гемови, Федерер направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:3.
Ова за Федерер беше петта титула освоена во Мелбурн или вкупно 18.та Грен слем титула во кариерата.
Во меѓусебните мечеви со Надал ова му беше 12.та победа во 35.тиот меч.
МИА


