Јас колку што можам да ги разберам работите, консултациите (Заев, Села, Џафери, Гаши…) се завршени.
На Хорхе му останува да тури од тоа кафето и да ги викне снимателите.
Или да резервира кабина во некој од бегалските чамци.
Хахаха!
По тој повод си земам слобода да ви го честитам политичкиот крах на злосторничкиот режим!
Урааа!
И покрај се или токму поради тоа се, имаме причини да бидеме задоволни од резултатите на нашата борба.
Да се надеваме дека новата влада ќе биде формирана час поскоро и дека бескомпромисно ќе се посвети на борбата за морална, политичка, културна, правна, демкратска, социјална и економска обнова на Македонија на линијата на големите европски вредности и стандарди. Меѓу другото, и низ темелна девмровизација на државата и на општеството, како капитален, културен, пред се, проблем!
Да не брзам малку или, можеби, малку повеќе!?
Не, драги мои, се јавувам точно на време.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


