Мурињо: Немав намера да го продадам Мата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, инсистира дека немал намера за продажба на Хуан Мата како и тоа дека шпанскиот репрезентативец секогаш бил клучна фигура во неговите планови на Олд Трафорд.

Многумина очекуваа Мата да биде продаден кога Мурињо го замени Луис ван Гал во пресрет на сезоната 2016-17 во Премиер лигата.

Мата е важен играч за Мурињо и Јунајтед, постигнувајќи го својот шести гол во победата над Ватфорд од 2-0.

„Кога дојдов тука во Јунајтед, луѓето мислеа дека Мата е во неволја“, рече Мурињо – „знаев дека нема да биде во неволја, бидејќи поинаков е фудбалот кој сакав да го игра Челзи, од оној фудбал што сакам да го игра Манчестер Јунајтед, во чија игра Мата е важен дел.“

„Па јас знаев од почетокот дека тој ќе биде важен играч и мислам дека тој ја чувствува мојата доверба и верува во играта што се обидуваме да ја играме. Затоа тој е среќен, а среќен е и на теренот и тоа може да се види по начинот на кој тој игра “.

Најчитани вести