На Мемфис Депај му требаа само неколку недели за да се адаптира во Лион.
Откако направи трансфер од соништата во Манчестер Јунајтед, каде што не се снајде баш најдобро, беше продаден на Лион за сума од 18 милиони евра.
Во победата на неговата екипа против Тулуз со 4:0, постигна два гола, но највпечатлив му беше оној за конечните 4:0, кога од половина терен го совлада гостинскиот голман.


