Преплашениот Груевски

Груевски преплашен до коска настапи со военохушкачки говор на Канал 5.
Објави дека нема да дозволи мирна промена на власта затоа што по негова оценка, новото парламентарно мнозинство имало за цел да ја уништи државата.
Рече дека гневот на народот кој тој го поттикнува против можно формирање влада без ВМРО , нема да може да го контролира и го повика народот да ја одбранел
Македонија.
Целта на оние што се подготвуваат да формираат влада била да се уништи Македонија, да биде уништена слободата на медиумите и да биде уништена неговата партија за да нема повеќе кој да ја бранел Македонија од душманите.
Ако тоа им успее на овие што сакаат да формираат влада Македонија ќе станела бинационална, ќе се федерализирала, ќе го сменела името според теркот на Грција а на народот ќе му бил измиен мозокот со пропаганда.
Затоа Груевски повикува на војна против “душманите од парламентарното мнозинство” . Само народот можел ја одбрани Македонија која во овој момент била нападната од “криминалци и недобронамерници” поврзани со душмани од соседството и тој вечерва го повика тој народ, чиј гнев тој наводно не можел да го контролира, да ги земел работите во свои раце.
Со ова обраќање Груевски отворено повика на политичко насилство. Јавно го оправда и легализира секое сторено и секое наредно насилство. А тоа е кривично дело за кое Зврлевски под итно треба да го притвори и да му суди.

Фејсбук статус на Ѓорги Спасов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести