Државата можело да ја нема?! Тој предупредува, се прави видовит и загрижен. Државата ја нема со децении, од кои последнава е претворена во мафијашка касаба, со веќе подизлезен оџак на тој ваш ужасен криптофашизам. Државата и правдата и се што нормално оди со еден здрав систем, ги нема одамна, ако некогаш воопшто и ги имало. Но, ти Грујо, ти можеш со сигурност да кажеш дека ќе ја нема и во иднина, зошто никој подобро од тебе, не знае што се имаш направено да ја уништиш. Имало ја, немало ја, знаеш цехот кој го плаќа? Овој осиромашен народ, овој народ што не може ни здраво да живее, уште помалку да си дозволи да се лекува. Без образование, без заштита, без перспектива, неинформиран, најчесто дезинформиран, еден загушен, интоксициран плебс, ете за сите нив држава немало и ќе нема. И што му нудиш ти на тој твој народ?! Правото да го вее македонското знаме. Која превара, дечки, која мизерна превара.
Фејсбук статус на Ивор Мицковски


