Лепа Брена настапи во Пловдив и на публиката и приреди атмосфера за паметење. Меѓутоа и таа овој настап долго ќе го памети.
Имено за време на изведување на песната „Пази кому му завидуваш“, пејачката загуби рамнотежа, штиклата и се лизна и падна.
Веднаш и пријде момче од екипата, и пружи рака за помош, пејачката стана и го продолжи настапот, како ништо да не се случило, што покажа дека е голем професионалец.


