Откако вчера на социјалните мрежи се прошири остра критика на сметка на водителката на утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“, Јелена Спенџарска, таа денеска е суспендирана.
Во текот на емисијата еден од гледачите се пожали за својата финансиска состојба и тоа дека нема да има пензија, а водителката на тоа му одговори да не се јавува за да шири негативна енергија.
Водителот денеска рече дека Спенџарска е суспендирана поради „недолично, непрофесионално и нечовечно однесување“.


