Неверојатно спасување од поплавите во Шпанија

За време на катастрофалните поплави кои ја погодија Валенсија, жена била спасена од нејзиниот поплавен дом, а камерите го снимиле овој неверојатен момент.
Жената била заробена од многу вода во нејзината дрвена куќа во Утиел во близина на Валенсија. Додека чекала помош, таа ги чувала нејзините миленици блиску до себе, за да не се удават, пишува Newsweek.

На видеото што го сподели корисник на социјалната мрежа Х, може да се вид сипасувачот како се спушта со хеликоптер и ѝ помага на жената додека таа во рацете држи мало кутре и нешто што личи на транспортер за мачки кој лебди над брзата вода.

„Успеав да добијам хеликоптер и да ја види оваа жена од Утиел која беше заробена во нејзината дрвена куќа со нејзините мачки и кучето. Неверојатно спасување“, напишал корисникот на платформата „X“ кој го објави видеото.

Поплавите низ Шпанија однесоа најмалку 95 животи, а десетици луѓе се водат како исчезнати.

Најчитани вести