Земјоделците во Македонија треба да се прогласат за загрозен вид и на тој начин и да се третираат

Мислам дека земјоделците во Македонија треба да се прогласат за загрозен вид и на тој начин и да се третираат.
Јас лично сум за најголеми можни бенефиции за земјоделците, најголема можна заштита, најголема можна поддршка, најголема можна грижа.
Мислам дека треба да се даваат неверојатно големи субвенции не само за производството туку и за обновувањето воопшто на живеењето во село (бесплатни куќи, ослободување од давачки, градинки, училишта, најдобра медицинска заштита, …).
Треба да се стимулира исселувањето од Скопје, а да се дестимулира населувањето во него.
Ајде да ги вратиме оризот, и афионот, и памукот, и овците и козите (дури и тие на Миленко) и кокошките и пајките и гуските и мисирките. Да ги вратиме рибите во реките и езерата и да го искористиме како извор на енергија она што најмногу го имаме – сонцето.
Храна без отрови, воздух без честички, вода без хемикалии.
Некогаш баш сакам да си замислувам.

Фејсбук статус на Мирјана Најчесвска

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести