Советничката група на ОО на СДСМ – Ресен соопштува дека, до Претседавачот на Совет на Општина Ресен, поднесе Барање за свикување на Вонредна седница на Совет на Општина Ресен. Истата би била со единствена точка на дневен ред : Превземање на итни мерки и активности за проценка и санирање на последиците од елементарната непогода – мраз, која ја зафати Општина Ресен во периодот – 20-23 Април 2017 година.
На истата, советниците ќе побараат :
– општинската комисија за проценка на штети веднаш да излезе на терен и во најкраток можен рок да изготви Извештај за проценка на штети,
– заради катастрофалните последици и кратките рокови да се констатира 100 % штета на цела територија на Општина Ресен или реонски проценти со што значајно би се скратиле роковите за израборка на Извештај ,
– веднаш да се отпочне со прием на Барања за штета при што пропратната документација ( имотни листови и сл.) да ги обезбеди Општина Ресен по службена должност.
– исплата на средствата за субвенционирање на полисите за осигурување кон осигурителните компании за 2016 година со цел истите да им се исплатата на земјоделците,
На истата седница исто така ќе биде побарано да се донесе одлука за поднесување барање за ИТНA исплата на субвенциите за 2016 година и исплата на штетите од мраз од 2016 година.



