Незадоволни од неисплатените субвенции и манипулациите дека ќе ги добијат парите, земјоделците денеска започнаа протест пред Министерството за земјоделство, пренесува Аласт-М
Бараат средба со министерот Миновски поставувајќи ултиматум – ако не ги прими за 24 часа ќе ги радикализираат своите блокади низ цело Скопје.
„Трпението заврши, ножот дојде до коска“, рече еден од револтираните земјоделци пред министерството.
Инаку, денеска со поставување блокади протестираат и земјоделците од Кочани, Прилеп, Струмица и Кавадарци.


