Втор ден блокади на стариот пат Велес – Градско. Со трактори и механизација, земјоделците од овој регион и денеска го изразија својот револт од односот на владата кон нив, јавува ТВ24.
Голем дел од нив не зеле субвенции за последните две години, не им е исплатена отштета од измрзнување за лани, а годинава родот од градинарските култури и лозјето повторно им е целосно уништен. Згора на се, поради дефект на водоснабдителниот систем на водната заедница „Тиквешко поле“, сè уште немаат вода за наводнување. Најавија дека блокадите ќе траат и за време на првомајскиот празник.


