Советниците и членови од комисијата за земјоделство од СДСМ-Битола деновиве беа на терен со мештаните од селата Цапари и Ротино.
Ситуацијата е повеќе од АЛАРМАНТНА штетите се големи, а земјоделците разочарани поради пропадната реколта 
Ситуацијата е повеќе од алармантна. Штетите се големи, а земјоделците разочарани поради пропадната реколта

Оревот, вишната, јаболката, праските, црешите, крушите но и грозјето речиси да се целосно уништени и годинава ќе нема ни да се проба, а за берба не станува ни збор – се пожалија земјоделците кои се во доста незавидна ситуација и очекуваат помош од државата.


