Министерот Сугарески ќе бара долгорочно решение за железничкиот сообраќај

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретна со Синдикатот на машинскиот персонал при МЖ Транспорт АД Скопје, како и со генералниот директор на МЖ Транспорт АД Скопје, во однос на прекинот со работа на дел од вработените во компанијата.

На средбата се разговараше околу настанатата состојба со доцнење на платите, како и за другите барања на Синдикатот при МЖ Транспорт Скопје.

„Министерот Сугарески изрази огромно разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најави дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за решавање на истите, како и долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Република Македонија“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести