Владата на денешната седница ќе ја усвои одлуката за дополнителна поддршка на овоштарите со шест денари за килограм праски предадени во преработувачки капацитети меѓу 12 и 30 јуни, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница.
Како што рече Заев, владината седница е закажана за 18 часот.
– Закажавме седница на Влада, ќе донесеме одлука за шест денари да им исплатиме на производителите на праска за да може четири денари да платат откупувачите, тоа се вкупно 10 и ќе го решиме комплетно проблемот што се појави поради мразот за што претходната влада ништо не направи. Директно ќе интервенираме со буџетски средства, истакна премиерот.


