Перо Костадинов: ПРАШАЊА ДО (НЕ)НАДЛЕЖНИТЕ ЧУРЛИНОВСКИ И СЕЧКОВА

Локалната власт на општина Валандово изминатите неколку месеци се обидува да го опструира и го опструира донесувањето на одлуката за референдум на локално ниво преку кој граѓаните на нашата општина на најдиректен начин би се изјасниле дали се за или против отварањето на рудници на територијата на општина Валандово. Користејќи најразлични средства, методи и спинови локалната власт предводена од градоначалникот на општината Николче Чурлиновски и претседателот на советот Јасминка Сечкова се обидуваат да ги (из)манипулираат граѓаните на нашата општина – чии што интереси всушност единствено би требало да ги застапуваат и штитат.

Бидејќи циркузијадата околу ова прашање сеуште трае и не е на повидок брза разрешница сакам јавно да им поставам неколку прашања на градоначалникот на општината и на претседателот на советот на општината:
1. Каде се наоѓа Казандол?
2. Како општина Валандово беше надлежна пред да се додели концесијата за експлоатација на бакарната руда и кога општината го додели позитивното мислење за отварање на рудници, а сега не е?
3. Како Советите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран беа надлежни за истото ова прашање или пак за нашата општина постои некое посебно законодавство?
4. Иницијативата “Спас за Валандово” ги собра законски потребните потписи за референдум. За референдум се потпишаа 2213 граѓани на Општина Валандово. Зошто го опструирате процесот и донесувањето на одлука за референдум и се изложувате на толку голем јавен блам?
5. Зошто интензивно соработувате и го штитите инвеститорот наместо вашите сограѓани?
6. Зошто на Седниците на Совет и на сите други настани организирани од ваша страна го вклучувате инвеститорот, а ги исклучувате граѓаните?
7. Зошто сеуште уживате во благодетите на локалниот буџет и на сметка на граѓаните ако немате потврда за вашите продолжени мандати од страна на надлежните институции?
8. Како го замислувате животот во Општина Валандово после 15 години?
9. Зошто мислите дека вашите сограѓани пијат сулфурна киселина и дека се глупави?
10. Ќе си поднесете ли морална оставка?

ПС Ако не сте надлежни, не мора да одговорите на прашањата!

Пишува: Перо Костадинов

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести