Заев на средба со ЕБРД: Отворање нови и подобро платени работни места

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретна со претставници на Европската банка за обнова и развој, потпретседателот Пиер Хелборн, придружуван од помошник директорот, Олег Левитин, регионалниот директор за Западен Балкан, Холгер Муент, извршниот директор за Македонија, Франс Векерс и директорката на ЕБРД во Македонија, Анка Јоана Јонеску.

На средбата е констатиран поттик на позитивна клима и енергија од новата Влада за развој на Република Македонија.

Претставниците на ЕБРД изразија интерес и подготвеност за помош и поддршка на приватниот сектор во Македонија, преку финансиски проекти што вклучуваат развој и едукација на капацитетите на компаниите, поддршка на инвестиции во инфраструктурата, како и експертска помош во законодавството што се однесува на економскиот напредок на земјата.

– Владата е силно ориентирана кон развој на економијата во Македонија, отворање нови и подобро платени работни места и финансиска стабилизација на семејствата, а со тоа и на државата. Затоа ги разгледуваме и ги земаме предвид сите можности во нашата определба да го помогнеме развојот на домашните компании. Свесни сме дека отворањето на евро-атлантските перспективи ќе биде силен поттик и за странски инвестиции и затоа работиме на интензивна реформска агенда што ќе ги обезбеди – рече премиерот Заев.

Toj ја поздрави долгогодишната успешна соработка на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој. Изразена е волја од двете страни за продолжување на соработката преку проекти што можат да придонесат во подигнувањето на животниот стандард на граѓаните во Македонија.

 

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести