Манчестер Јунајтед потврди дека Немања Матиќ за 40 милиони фунти потпиша договор со “Црвените ѓаволи”, со што се стави крај на долгата трансфер сага.
Српскиот играч од средниот ред потпиша тригодишен договор.
Овој потег повторно го соедини Матиќ со шефот Жозе Мурињо, кој го врати во Челзи во 2014 година, откако беше позајмен во Бенфика. Јунајтед досега потроши над 140 милиони фунти по доаѓањето на Ромелу Лукаку и Виктор Линделоф.
“Немања е играч на Манчестер Јунајтед и играч на Мурињо. Тој претставува се она што сакаме од фудбалерот, лојалност, конзистентност, амбиција, тимски играч”, изјави Мурињо на официјалната веб-страница на клубот.
“Среќен сум што дојдов во Манчестер Јунајтед. Можноста да работам уште еднаш со Мурињо не можев да ја одбијам”, додаде Матиќ.


