Стефан Ристовски ќе потпише за Спортинг Лисабон?

Ако се верува на пишувањата на португалскиот А Bola, а и се погласните шпекулации во хрватските медиуми, реваншот на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, против Салцбург, може да биде последен натпревар за Стефан Ристовски во дресот на Риека.

А Bola тврди дека извесен е трансферот на Ристовски во редовите на Спортинг Лисабон.

“Ристовски е блиску и сака да дојде на Спортинг, трансферот треба да заврши до утре”, вели А Bola, а Риека за македонскиот бек треба да заработи околу 3,5 милиони евра.

Ристовски стана играч на Риека во 2015-та година, а пристигна од италијанската Латина. Тој претходно играше за Вардар, Парма, Кротоне, Фрозиноне и Бари.

Најчитани вести