Василевски и Зиков ќе го водат МЕПСО, Миновски нов директор на ЕЛЕМ

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, Љупчо Зиков за директор на финансии и комерци на таа комопанија, а Драган Миновски е новиот директор на АД ЕЛЕМ, одлучи вчера Владата.

Сашо Василевски е дипломиран правник кој од 2006 до 2008 беше заменик министер за правда, од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање на правосуден испит, а од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“ и беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски.

Професорот на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“, Драган Миновски на предлог на Владата е новиот директор на ЕЛЕМ кој доаѓа на местото на Христијан Мицковски новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицковски на својот „Фејсбук“ профил напиша дека е разрешен од местото претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АД ЕЛЕМ.

„Горд сум на сето она што заеднички го правевме за АД ЕЛЕМ, за Македонија, направивме многу, а можевме уште повеќе. Аристотел рекол „задоволство во работата дава совршеност во делото”. Делото сега ќе продолжи на друг терен помеѓу студентите на факултет и граѓаните за Македонија“, напиша Мицковски.

Владата одлучила и Зоран Ѓорѓиев да биде нов Генерален директор на ЈП „Македонски Шуми“ кој е е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци а во „Македонски шуми“ работи од 1996 година.

Meta

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести