Стефан Ристовски од вечерва и официјално е нов член на Спортинг Лисабон, откако португалскиот гигант го официјализираше трансферот на македонскиот десен бек од редовите на Риека.
Двата клуба дваесетина дена беа во преговори, за на крајот да биде договорено Македонецот да пристигне во Лисабон на едногодишна позајмица. Воедно, Спортинг се обврзал на задолжителна клаузула, според која португалскиот клуб наредното лето ќе плати 2,25 милиони евра за да го задржи нашиот интернационалец.
Спортинг потпиша петгодишен договор со Ристовски, а интересно е дека клаузулата за раскин на договорот изнесува неверојатни 45 милиони евра.


