Реал Мадрид го освои Суперкупот

Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА во Скопје во натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Головите за Реал ги постигна Карлос Касемиро во 24-тата минута, а Иско зголеми на 2:0 во 52-та минута.

Во 62-та минута Ромелу Лукаку го даде единствениот гол за Манчестер Јунајтед.

За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот, а по Милан стана втората екипа која двапати последователно се радуваше на овој трофеј (1989 и 1990 година).

Манчестер Јунајтед и по трет пат не успева да стигне до трофејот кој „црвените ѓаволи“ го освоија пред 26 години, кога во 1991 година ја совладаа белградска Црвена Звезда.

Најчитани вести