Брендот MAMA’S беше претставен на Фокс телевизија во Америка. Ова е прв пат македонски производи да бидат презентирани на американската телевизија во некоја емисија.
МАМАС продолжува да ги промовира традиционални македонски рецепти низ целиот свет, производи кои постојано ги освојуваат симпатиите на љубителите на добриот вкус.
Покрај Америка, МАМАС се извезува во повеќе од 35 земји како Русија, скандинавските земји, Австралија, Костарика, Дубаи, Макао и Хонг Конг, Јапонија, Катар, земјите од Европската унија и Балканските земји.


